Пропаднав- се отвори Ѓоле Џогани

 

Познатиот српски пејач Ѓоле Џогани пред извесно време изјавил дека „пропаднал“, а се пожалил и на прашањето за „чешлањето“ на имотот на естрадните ѕвезди поради проверка дали уредно го плаќаат данокот.

- Данокот го плаќам таму каде што треба да го платам. Ако работам во странство, го плаќам таму, но јас немам повеќе работа, ги нема повеќе златните 90-ти години, кога се работеше и имаше. Па, кога последен пат снимивме песна или спот? Не знаете? Секако дека не знаете. Моите песни тука никој повеќе не ги слуша, затоа и пропаднав. Јас сум забранет на сите телевизии бидејќи немам работа. Еве и брат ми Гаги исто така нема работа, се пишуваше дека ми побарал 500 евра, а јас не сум му дал, со воздишки раскажувал тој.

Последниот спот „Таква као ја“ Ѓоле го објави пред еден месец со кој се пофали на социјалните мрежи, каде секојдневно објавува видеа од нивните настапи во странство.

05.11.2014 - 18:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега