"Ми го уби момчето, за мене снема куршуми" - и приредил пекол на поранешната сопруга

 

Ми го насочи пиштолот на слепочницата и рече дека ќе ме убие, се скаменив. Пукаше без да се размисли но имав среќа бидејќи немаше веќе курушуми. Вака 35-годишната Наташа Тошиќ ја раскажала драмата која се случила во понеделник околу 20 часот пред нивниот дом во Зајечар, Србија, кога нејзиниот поранешен сопруг Драган тешко го ранил нејзното момче 28-годишниот Сенад, па се обидел да ја убие и неа.

- Тогаш Драган ја стави нашата ќерка во автомобилот, се расправаа со Сенад и Драган од ранецот извади пиштол и ни рече дека ќе не убие. Сенад застана пред мене да ме заштити по што Драган пукаше во него. Потоа го впрепи пиштолот во мене и рече дека и мене ќе ме убие. Кога сфати дека нема повеќе куршуми во пиштолот се сврте и избега, рекла Наташа.

Сенад поради внатрешно крварење бил префрлен во болницата во Ниш, каде е опериран и се уште е во критична состојба.

05.11.2014 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега