Средба на министрите Јанкулоска и Жнидар на Генералното собрание на Интерпол
На маргините од 83 -то Генерално собрание на Интерпол што се одржува во Монако, Франција, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, денеска се сретнаа со министерката за внатрешни работи на Република Словенија, Весна Гјоркос Жнидар.
На средбата министрите Јанкулоска и Жнидар констатирајќи дека меѓу двете земји нема отворени прашања, досегашната меѓуполициска соработка ја оцениле како исклучително успешна, како на билатерален план така и во рамки на повеќето регионални и европски иницијативи и проекти во коишто заеднички партиципираат двете земји, односно двете министерства.
Во насока на продлабочување и интензивирање на соработката на средбата министрите Јанкулоска и Жнидар, соопшти денеска МВР, разговарале за операционализацијата на повеќе иницијативи во наредниот период пред се нотирајќи ја потребата од изготвување и потпишување Договор за полициска соработка, потоа околу допговорот за реципрочно признавање на возачките дозволи, соработка во областа на размената и едукацијата на полициски кадри и друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа