ФОТО: Облак, чудо на природата или НЛО?

 

Вчера околу 13 часот по локално време во австралискиот град Вонтаги, Керол на небото забележала нешто прилично необично, а набрзо во гратчето се кренала паника.

Над гратчето кое од Мелбурн е одалечено 132 километри, одеднаш се појавил долг и необичен облак.

 

Една жителга го фотграфирала облакот и ја повикала полицијата, а подоцна и остантите жители го забележале феноменот.

Иако можеби изгледа како сцена од филм за вонземјани, всушност станува збор дело на мајката природа...Овој вид на облак се нарекува Fallstreak Hole.

Изгледот е резултат на водени кристали во замрзнатите облаци и рефлексија на светлината. Замрзнатите кристали исто така го направиле овој дел од облаците малку потежок па поради тоа тој изгледа како да е спуштен под останатите. Тоа му го дава мистериозниот облик поради кој лесно е да остави на имагинацијата што би можел да биде.

04.11.2014 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега