Го згрози светот- во телефонот чувал слики од илјадници лешови

Ѕидовите биле испрскани со крв, а во дневната соба лежел масакриран труп на гола девојка додека од балконот доаѓалa страшна смрдеа од телото на другата жртва која веќе се распаѓала.

Полицијата во Хонгконг го открила идентитетот на угледниот банкар кој е осомничен за убиството на две елитни проститутки. Станува збор за 29-годишен британски државјанин, финансиски експерт кој дипломирал на Кембриџ.

Но, тоа не биле единствениот хорор, бидејќи во неделата следело ново изненадување.

Полицијата во неговиот мобилен пронашла илјадници фотографии и неколку видео записи од убиствата, па се сомнева дека бројот на жртвите е поголем.

Форензичарите на местото на несреќата нашле голем број на сексуални играчки, помала количина кокаин и неколку мобилни телефони.

03.11.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега