Солзи, очај и гнев: „Ми ги уби синот и внукот, а го казнија како да згазил мачка“

 

Мирољуб Маринковиќ е очаен по пресудата за стравичниот  сообраќаен судар во кој на 28-ми јули загинаа неговиот 8-месечен внук Андрија и најмладиот син Никола кој имаше 24 години.

Од сообраќајката со тешки повреди се згобија и неговиот друг син Драган (34), 30-годишната снаа Марија и внукот Матеј (5).

На нивниот автомобил тогаш налета Рајко Радојковиќ, а за тоа беше осуден на една година и 10 месеци затвор.

-Изгубив син и внук. Нивниот убиец е казнет како да згазил мачка. Па тоа е срамота. Каде е правдата? Најголемата казна на светот за ова не е доволна, рече тажниот татко и дедо.

Истрагата и вештачењето траеа два месеци, а осомничениот потпиша спогодба- ја призна вината и доби смешна казна.

02.11.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега