Попоски се сретна со словачкиот и полскиот министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска во Братислава се сретна со словачкиот министер за надворешни и европски работи Мирослав Лајчак и со новоименуваниот шеф на полската дипломатија Гжегож Схетина.

 

На средбата со словачкиот министер разговарано е за билатералните проекти за обука на дипломати, за модернизирањето на македонските железници со 150 вагони од словачко производство, планираниот заеднички комитет за економска соработка и за посетите на високо политичко ниво. Со полскиот министер за надворешни работи разговарано е за поддршката што Полска и ја дава на Македонија за евроинтеративните процеси. Поддршката, како што информира ресорното Министерство, се реализира и преку „Скопската конференција”, која годинава треба да се одржи во Македонија и е форма на партнерство меѓу Македонија и Полска во делот на евроинтеграциите, се вели во соопштението од МНР.

 

Полска како една од поголемите членки на ЕУ е меѓу најсилните поборници за принципиелен пристап кон проширувањето и овозможување на напредок за Република Македонија.

31.10.2014 - 20:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа