Фрлил граната пред кафуле- уништени три возила

Непознато лице фрли експлозивна направа пред кафуле во Сараево, дел од хотелот „Холидеј ин“, јави Танјуг. Нема повредени.

Од оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопштија дека инцидентот се случил синоќа во 23 часот и се причинети материјални штети врз три возила, како и на влезот на хотелот. Според неофицијални информации, била фрлена рачна граната.

Полицијата е во потрага по напаѓачот.

31.10.2014 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега