Притвор за мајката чии деца изгореа во пожар

Четириесет и осум часовен притвор и е одреден на мајката Викторија Јовановиќ чии две деца вчера настрадаа во пожар што изби во нивната куќа во населбата Мал Рит во Панчево, јавува Б92.Во моментот на избувнување на пожарот децата биле сами во куќата и неможеле да излезат бидејќи биле закчучени. Викторија отишла кај нејзината мајка по секира да расцепи дрва.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Мајката на Викторија изјавила дека таа се задржала кај неа околу еден час, и кога се вратила дома било предоцна бидејќи дечињата се задушиле од чадот.

Мајката на децата утре ќе биде сослушана. Таа во куќата живеела сама со 5 годишниот Кристијан и 15-месечната Анастасија, кои настрадаа во пожарот. Жената живеела од социјална помош, а има уште шест деца кои не живееле со неа.

31.10.2014 - 10:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега