Безбедносните сили на Сомалија заплениле брод со оружје и експлозив

 

Сомалиските безбедносни сили мината ноќ во пристаништето во Могадишу запленија брод кој превезувал оружје и експолозив, кои најверојатно биле наменете за сомалиската исламистичка група Ал Шабаб.

Претставник на безбедносните сили изјави дека Ал Шабаб користи некои предприемачи во сомалискиот главен град, за да набави воена опрема од странство.

За сега нема информации од каде пристигнал бродот, но во врска со овој случај полицијата приведе локален бизнисмен, осомничен за поддршка на групата.

Во меѓувреме во Могадишу, пристигнаа генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким. Посетите имаат за цел да ја покажат меѓународната поддршка за Сомалија во борбата против Ал Шабаб, како и во спроведување на политичките реформи. 

29.10.2014 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега