Франција првиот од двата брода „Мистрал“ на Русија ќе и го испорача на 14 ноември

 

Франција на 14 ноември ќе и го достави на Русија првиот од двата брода-носачи на хеликоптери „Мистрал“, изјави денеска рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин.

- Компанијата „Рособоронекспорт“, која е одговорна за извоз на руско оружје, доби покана за 14 ноември во француското пристаниште Сен Назар за предавање на првиот брод, наречен „Владивосток“ и за пуштање во вода на вториот брод, истакна Рогозин.

Францускиот минитер за одбрана Жан-Ив ле Дриан вчера нагласи дека Париз ќе чека до следниот месец и ќе донесе одлука за испорака на првиот од двата брода „Мистрал“ на Русија.

Под притисок на западните партнери поради украинската криза, францускиот претседател Франсоа Оланд минатиот месец изјави дека го одлага првичниот датум за испорака на првиот брод, кој беше предвиден за крајот на октомври,. Тогаш тој потенцира дека Франција ќе го предаде само првиот носач на хеликоптери.

Француската страна засега не ја потврди информацијата на Рогозин.

29.10.2014 - 18:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега