Двајца босански Срби осудени по 20 години затвор за воени злосторства
Судот во Сараево денеска ги осуди босанските Срби, Предраг Милисављевиќ и Милош Пантелиќ на по 20 години затвор за сторени воени злосторства врз муслимански цивили во реонот на Вишеград за време на војната од 1992-1995 година, пренесоа медиумите во БиХ.
Двајцата осудени беа прогласени за виновни затоа што како припадници на резервниот состав на полицијата, на 15 јуни 1992 година, учествувале во убиството на 48 муслимани во провалијата Пакленик.
Третиот обвинет во овој случај, Љубомир Тасиќ, беше ослободен од обвинението за учество во принудното иселување на цивили од реонот на Вишеград во јуни 1992 година.
Милисављевиќ и Пантелиќ, исто така, беа ослободени од обвиненијата за насилното иселување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа