Влегол во црква - го нашол свештеникот обесен

 

Италијанскиот свештеник кој пред неколку дена призна дека сторил „тешки дела“ над една тинејџерка, се обеси во својата црква пред да дојде бискупот и официјално да го извести за покренување на црковно-судска постапка против него.

Овој 48-годишен свештеник во саботата во текот на разговорот со бискупот признал дека одамна направил грешни дела над 13 годишно девојче и побара писмо со кое ќе замоли прошка од Бога, Црквата и жртвата, пренесува денескa францускиот лист „Фигаро“.

Вчера бил пронајден обесен во црквата.

29.10.2014 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега