Турска донација за лица со посебни потреби во Македонија

 

Амбасадорот на Република Македонија во Турција Горан Тасковски, претставници на Турската фондација „Бедд“ и Македонско-турското здружение „Македонија-Еге“ попладнево ја посетија општина Крива Паланка, пренесува МИА.

500kolicka-1-

Во рамките на посетата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Крива Паланка, Турската фондација и Македонско-турското здружение, кое донираше ултра лесна инвалидска количка на Бранкица Димитровска, претседател на Здружението за поддршка на лицата со посебни потреби „Хендикеп плус“.

-Ова е историски момент, затоа што преку Крива Паланка започнува соработката на Македонија со најголемата фондација „Бедд“ од Истанбул, која дава поддршка на лицата со посебни потреби. Неодамна и македонската амбасада во Анкара потпиша меморандум за соработка со „Бедд“ и со „Македонија-Еге“ и се надеваме дека ќе продолжиме со успешна поддршка и проекти во нашата земја, истакна амбасадорот Тасковски.

Претседателот на Турската фонација „Бедд“ Сејин Кемал Демирел изрази задоволство што соработува со Македонија.

- Турција и Македонија имаат заедничка историја, одлично се разбираме и се надевам дека ќе соработуваме и со други градови во вашата држава, кои ќе ја добијат нашата несебична поддршка, порача Демирел.

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, најави отворена соработка со турските партнери и зајакнување на партнерските односи, преку заеднички заложби за помош на лицата со посебни потреби и други маргинализирани групи.

Истовремено, беше потпишан и меморандум за соработка со Здружението „Хендикеп плус“, од каде се надеваат дека во иднина ќе може да се обезбедат уште колички и други ортопедски помагала од турските хуманитарци.

Делегацијата од Турција, заедно со амбасадорот Тасковски, утре ќе се сретне и со министерот за труд и социјални работи Диме Спасов, претставници на македонскиот парламент , а ќе го посети и Детското СОС село.

28.10.2014 - 20:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега