По бременоста ослабела 30 килограми: Ова е нејзината тајна

Австралиската манекенката Елиз Тејлор, која е дел и од ангелите на Victoria’s Secret за време на бременоста со својата ќерка се здебелила и до 80 килограми, 30 повеќе од нејзината нормална тежина.

Сепак, по породувањето успеала да си ја врати линијата со помош на специјална диета според крвната група и многу вежбање.

Таа открива дека претходно пробувала разни диети, но биле со минимален резултат. Откако ја открила диетата според нејзината крвна група и се консултирала со нутриционисти, сфатила и зошто таа има најдобар ефект.

Според крвната група организмот може да прифати, одбие или складира некоја храна. Не може секој организам еднакво да ги обработува сите видови храна.

Така, на оние кои имаат крвна група А им се препорачува повеќе вегетаријанска храна, а оние со крвна група Б добро е да изберат месо од дивеч и јајца.

Луѓето со АБ крвната група треба да избегнуваат кофеин и алкохол, а да уживаат во морска храна и млечни производи.

Додека, луѓето кои имаат 0 (нулта) крвна група добро е да избегнуваат млечни производи, а да јадат почесто црвено месо.

Кога на сето тоа ќе се додадат пилатес вежби, кардио тренинг и брзо одење, витката линија ви е гарантирана.

Извор: Црно Бело

27.10.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега