Што се случувало викендов на скопските улици?

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 21 сообраќајна незгода. Во петокот извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Во саботата се случиле девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Вчера бил извршен увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил возач на трактор.

27.10.2014 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа