Шеик со понуда од милион долари за Хурем

Еден од шеиците во Дубаи е голем обожавател на актерката Мирјем Узерли па најавил дека ќе и купи вила со 7 соби, 9 тоалети, базен и теретана, ако и се допадне.

Актерката која е позната по улогата на Хурем во Дубаи ќе го претстави новиот проект. Арапите се воодушевени од нејзиното доаѓање и на користење ќе и дадат луксузна вила која вреди милион долари.

На располагање ќе има седум соби, девет тоалети, безен и теретана. Еден од локалните шеици е нејзин голем обожавател па најавил дека ќе и ја купи вилата доколку и се допадне, пишува 24сата.

Арапите мислеле и на нејзината девемесечна ќерка Лара, па ги заштитиле сите остри агли во куќата. Мирјем во Дубаи ќе помине една недела и вели дека секогаш убаво си поминува таму, а особено се радува на нивните специјалитети.

26.10.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега