Филе: Да се спроведе истрага за прекумерната употреба на сила на полицајците во Турција

Турција треба да спроведе истрага дали полицијата употребила прекумерна сила при задушувањето на антивладините протести во земјата и да побара казна за одговорните лица, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

- Мирните протести претставуваат легитимен начин на кој група луѓе можат да ги изразат своите ставови во едно демократско општество. Прекумерната употреба на сила од страна на полицијата врз демонстрантите нема место во една демократија, нагласи Филе во обраќање за време на конференција на која присуствуваше и турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Еврокомесаркот за проширување Штефан Филе, кој учествува на дводневна конференција во Истанбул се сретнал со претставници на турски граѓански организации, вклучително и со демонстрантите.

најчитано сега