ВИДЕО: Полу лисица-полу жена, неверојатна атракција во зоолошка

Посетителите на зоолошката градина во Карачи, Пакистан, секојдневно доаѓаат да ја видат најпопуларната атракција – суштество кое е полу лисица, полу жена.

Во кафезот се наоѓа тело на лисица, кое има лице на жена, а посетителите се собираат пред кафезот и му се восхитуваат на ова мистериозно суштество.

Како што досега веројатно претпоставивте, станува збор за измама, но уште повеќе ќе се зачудите кога ќе дознаете дека и посетителите знаат за тоа и сепак доаѓаат да го посетат ова суштество.

Мумтаз Бегум е човекот кој стои зад оваа фарса.

Тој се маскира како жена и потоа влегува во кафезот каде поминува и по 12 часа дневно.

Посетителите од цела околина доаѓаат да го видат суштеството и постојано се воодушевуваат од неговата „мистериозност“, иако знаат точно за што станува збор.

-Луѓето се среќни кога ме гледаат, а тоа и мене ме усреќува, вели Мумтаз.

Инаку, тој ја наследил оваа „професија“ од татко му, кој починал пред 16 години и до крајот на животот бил главата на лисицата.

22.10.2014 - 15:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега