Папата ги прими фудбалерите на Баерн

Папата Франциск организираше прием за фудбалерите на Баерн Минхен, кои во вторникот ја декласираа Рома со 7-1 во натпревар од Лигата на шампионите.

Папата рекол дека баварците „одлично го одиграле натпреварот и дека забележале заслужена победа.“ 

Директорот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, рекол дека голема чест за клубот преставува тоа што се сретнале со папата и најавил дека клубот ќе донира милион евра во добротворни цели

22.10.2014 - 14:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа