Грците не запираат - уште еден скопјанец се врати без регистарски ознаки

На Граничниот премин „Богородица“ во неделата пријавен е уште еден случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин во Грција.

Случајот е пријавен од страна на М.Н.Е. од Скопје во чија сопственост е возилото марка ,,Митсубиши’’ на кое е одземена предната регистарска ознака. Кражбата на регистарската ознака се случила во петокот во Солун.

Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува петнаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила. 

22.10.2014 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа