ВИДЕО: Јадете на работното биро?- ова видео ќе ве предомисли

На прв поглед, работното биро речиси секогаш делува чисто. Но, ова видео ќе ви прикаже една потполно различна слика. Затоа што секоја 4-та личност која оди во тоалет не ги мие рацете, тие лесно стигнуваат до вашата тастатура.

Низ неколку истражувања до сега е откриено дека на само 1 сантиметар квадратен од тастатурата се наоѓаат околу 1.000 бактерии, додека на маусот таа бројка изнесува околу 500.

Докторката Лиза Ејкерли која директно учествува во овие здравствени истражувања истакнува дека единствен начин на кој можете да се заштитите е користењето на дезинфекциски средства.

- Вие можеби не чувствувате ништо, немате никакви симптоми од бактеријата која сте ја внеле, но сигурно е дека истата ја разнесувате секаде низ канцеларијата, објаснува таа.

Со миење на рацете од 20 секунди, користејќи топла вода и сапун, можете да го сопрете ширењето на бактериите. По миењето, задолжително сушете ги рацете.

Ова е видеото кое ќе го промени начинот на кој го гледате работното биро:

22.10.2014 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа