ВИДЕО: Секоја чест- Парализирана девојка слика ремек-дела со својата уста

Оваа девојка е доказ дека никогаш не треба да се откажете од она што го сакате и од вашите соништа. Младата Маријам Фатима Паре иако доживеала трагична несреќа која ја оставила парализирана од вратот па надолу, продолжила да го прави она што најмногу го сака.

На 20-години Маријам била студент на факултет за уметност, неа и претстоела сјајна кариера, но доживеала несреќа во која била ранета од куршуми во грбот и останала парализирана од вратот надолу.

Тогаш започнала нејзината тешка борба во која морала да ги прифати своите ограничувања.

Генијалноста излегла на виделина благодарение на медицинската сестра која ја учела да се потпише со устата. Тоа била светлата точка за Маријам. Таа видела дека нејзиниот потпис не е поразличен од вообичаено, сфатила дека може и да слика со помош на устата.

Благодарение на упорноста, таа успеала да развие оригинална техника за сликање.

По цели 8 години, денес Маријам е врвен уметник со неколку изложби зад себе, а своите изработки ги продава на престижни колекционери.

 

22.10.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега