Доаѓа зима - што ќе се случува со температурите деновиве?

Постудено со дожд и снег на планините, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од пет до 14 степени.

Во Скопје слично време, облачно со дожд и со засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до девет степени.

22.10.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа