„Жешката пица на госпоѓа Мица“ - ова е новиот македонски порно филм

Горан Милиќ, познат продуцент, режисер и сопственик на секс-шоповите „Валијант“ овој пат ќе и понуди нешто ново на македонската публика. Имено станува збор за новата порносцена во продукција на „Валијант“, насловена како „Жешката пица на госпоѓа Мица“. Во неа глумат македонски актери и е снимена на домашен терен, во атрактивен стан во една скопска населба. Ова е четврти проект за возрасни на Горан Милиќ.

 

- Kомедијата како жанр е нов тренд во индустријата за возрасни и затоа се одлучивме за вакво сценарио. Дама од Скопје во момент на досада и монотонија во бракот, порачува пица. Во испораката момчето наоѓа добра секс-авантура. Сценариото е од секојдневниот живот. Ова може да го доживее или во најмала рака да го посакува секоја домаќинка – вели Милиќ

На кастингот очекувано се појавиле повеќе мажи отколку жени, а во филмот играат аматери за кои допрва ќе се размислува дали имаат капацитет за интернационална кариера.

 

Прочитајте повеќе на Дневник.мк

22.10.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа