Паника во Турција: Студент со симптоми на ебола примен во болница

Турски студент, кој престојувал во Сомалија, е примен во болница во градот Измир, во западиот дел на земјата, со симптоми карактеристични за еболата, пренесе турската телевизија НТВ. 

Дваесетгодишниот пациент во болницата бил примен со висока телесна температура и стомачни болки. Земена му е крв за анализа, а мострите биле испратени на дополнителни лабораторски истражувања .

Во моментов тој е подложен на болничко лекување под специјални безбедносни мерки.

Студентот за Сомалија заминал пред еден месец. 

22.10.2014 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа