И Вишиот Управен суд потврди: Милчин е кодош

Првиот човек на СОРОС Владимир Милчин и официјално е прогласен за кодош. Одлуката ја потврдил и Вишиот управен суд, откако по порвостепената одлука, Милчин се жалел до повисокиот суд. 
Покрај Милчин, второстепена судска одлука дека се кодоши добиле и  Ѓорги Тоневски, Сефедин Харуни, Зоран Јовановски, Коста Балабанов, Паскал Гилевски, Милован Стефановски, Беџет Беџети, Никола Јанчевски, Трајко Батанџиовски

Комисијата за лустрација е информирана дека досега од лустрираните лица четворица биле разрешени од органите на институциите каде што вршеле јавна функција. Тоа се Трендафил Ивановски, судија на Уставниот суд,Драги Билевски, судија, Исак Ајрули, претседател на Советот на општина Боговиње и Фаредин Мифтари, директор на ОУ Лирија во општина Чаир.

Се чека разрешувањето на тројца академици, двајца адвокати и двајца универзитетски професори.

 

22.10.2014 - 11:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега