Нема да има нови членки во ЕУ до 2019 година?

Претставувајќи ја програмата и составот на Европската комисија и доделените ресори во неа, нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер уште еднаш нагласи дека е невозможно да бидат примени нови земји-членки во ЕУ во идните пет години, односно до крајот на мандатот на Комсијата во 2019 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Именувањето на „комесар за преговори за проширување“, Јункер го објасни со фактот дека тоа било побарано од дел од комисиите на Европскиот парламент и од дебатата која ја водел „тој лично самиот со себе“.

- Не сакам да ги излажам луѓето, ниту народите. Не треба да им даваме впечаток на земјите кандидати дека можат да станат членки во идните пет години. Нема да има нови членки во текот на овој мандат. Тоа е невозможно, рече Јункер.

Пропратен со аплаузим, тој нагласи дека „не треба да се раскажауваат приказни“. - Не треба да им оставиме да веруваат на тие што чекаат да станат членки, дека тоа може да се случи во следните пет години. Но, евидентно преговорте за проширување ќе продложат со ист елан и жестина и ангажирање, како што беше досега. Се додека е тоа можно, потенцира Јункер.

- Сакам да ги поздравам земјите-кандидати за членство во ЕУ, велејќи им дека преговорите ќе бидат забразани, но не е реално тие да бидат завршени до 2019 година, беше дециден Јункер

22.10.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега