Избор на најпроактивен агро бизнис

Објавен е третиот по ред конкурс за избор на најпроактивен агро бизнис. Пријавувањето за изборот трае до 30 ноември, а најпроактивните агро претприемачи кои го развиваат и унапредуваат македонскиот агро бизнис ќе бидат прогласени на 17 декември на Форумот што го организира ПроКредит Банка во Македонија.

На конкурсот, првпат оваа година ќе може да се пријават и преработувачи на земјоделски производи од домашно потекло и откупувачи, односно извозници на македонски земјоделски производи. Покрај овие две категории повторно ќе бидат наградени и примарните земјоделски производители во категориите на житни култури, раноградинарство (површина на отворено над 15 декари, во оранжерии над 5 декари), долгогодишни овошни насади (површина над 30 декари), сточарство (фарма над 300 грла), сертифицирано органско производство.

Сите заинтересирани агро бизнис претприемачи може да се пријават на веб страницата на ПроКредит банка или која било експозитура на банката. 

Конкурсот е дел од развојната мисија на ПроКредит Банка  која е насочена кон поддршка на секторите со висок потеницијал во македонската економија.

22.10.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа