Ја пуштила преку ред во продавница и така загубила 590 милиони долари

 

84-годишната Глорија Ц. Мекензи го освои рекордниот џек пот на американската Паурбол лотарија од 590,5 милиони долари и даде изјава дека еден човек бил доволно мил за да ја пропушти преку ред кога го купувала добитното ливче.

Се работи за 34-годишната Минди Крендел која не е воопшто вознемирена што нејзината добра постапка ја чинело огромно богатство и рече: - Се има своја причина.

- Мојата десетгодишна ќерка ми рече дека госпоѓата застанала пред нас, но јас не обрнав внимание. Но, продавачката тоа го виде, и пред да го продаде на Мекензи ме праша дали сакам пред неа. Јас тоа го одбив и и реков на госпоѓата слободно да го купи среќка пред мене, рече Крандел.

Кога Мекензи дојде по наградата, Миндин-десетгодишната ќерка само рече: - Мамо, мамо, тоа е таа госпоѓа која ја пуштивме преку ред.

- Можевме ние да бидеме добитниците, но такви работи се случуваат. Понекогаш е подобро да се биде трпелив, отколку да се биде во право. Пропуштајќи ја таа госпоѓа преку ред, знаев дека нашата ќерка ја учиме за вистински вредности, рече Минди. Таа вели дека не е лута, ниту пак огорчена, туку само се надева дека парите навистина ќе го благословат семејството Мекензи.

 

 

најчитано сега