Јелена и Новак открија како ќе се вика нивното синче

Нашиот ангел Стефан се роди, многу сум горд на мојата преубава сопруга Јелена. Им благодарам на сите за поддршката, напиша гордиот татко на Твитер.

Тенисерот број 1 Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга вчера добија син, а на Интернет се појави слика на бебе од болницата со тврдење дека Новак ја објавил фотографијата.

На фотографијата сликана преку стакло во некоја болница се гледа бебе во прегратка на медицинска сестра, но тоа не е детето на Новак и Јелена, бидејќи Ѓоковиќ досега само се огласи за името на бебето.

Јелена се породи во Монте Карло. И мајката и бебето се чувствуваат добро.

Семејството Ѓоковиќ синоќа почнало со славење во нивниот стан на Нов Белград, пишуваат белградските медиуми. Гала прославата се очекува наредните денови.

Иако членовите на семејството, како ни колегите на Новак официјално не јавија, честитки од фановите на најдобриот светски тенисер пристигнуваат од сите страни.

Веста за бременоста на Јелена, Новак прво ја објави на својот Твитер профил, кога напиша дека е најсреќниот човек во светот.

Новак и Јелена почнаа да се забавуваат во 2006 година, а врската ја крунисаа со брак во јули оваа година.

Ѓоковиќ минатата година правеше веридба со Јелена, а свадбата беше извршена на Свети Стефан на 10 јули оваа година.

22.10.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега