Докторите – интернисти месецов со најмногу реализирани прегледи

Најмногу реализирани амбулантски прегледи овој месец - 434 има д-р Бранко Алексов од одделот за интерна медицина при Поликлиника Букурешт – Здравствен дом Скопје, покажуваат податоците од националниот систем за електронски евиденции во здравството, Мој Термин.

Следни на листата со најголем број реализирани амбулантски прегледи во текот на месецов (над 300 прегледи), како што соопшти Министерството за здравство, се тројца доктори-интернисти, меѓу кои д-р Јелка Дамеска од Поликлиника Букурешт – 338 прегледи, д-р Славица Лакинска од Поликлиника „Јане Сандански“ – 324 прегледи и д-р Никола Стојановски од Поликлиника „Јане Санданск“и – 305 прегледи.

Во Здравствен дом Скопје во текот на месецов меѓу 200 и 300 амбулантски прегледи реализирале вкупно 30 доктори од повеќе различни специјалности, меѓу кои: оториноларингологија, офталмологија, дерматовенерологија, ортопедија, физикална и рехабилитациска медицина.

22.10.2014 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега