Ова е струмичанецот кој ја воодушеви Цеца

Моментално во тек е шоуто  „Пинк ѕвезди“ а гледачите имаа можност да ја проследат шестата епизода која ја одбележа настапот на Македонецот од Струмица, 23- годишниот Спасе Петров.

Момчето ги воодушеви сите членови на жирито со неговата изведба на песната „Крал на меракот“ од Саша Матиќ, а најголеми пофалби доби од втората песна „Соба за тага“ од нашиот Тоше, на која никој не остана рамнодушен.

Мирослав Илиќ искоментира дека сите во Македонија се добри пејачи, Бора Чорба ги замоли сите македонски изведувачи да пејат на македонски, а Цеца не го криеше воодушевувањето од интерпретацијата на песната од Тоше.

Спасе едногласно од жирито се пласираше во следниот круг, а на самиот крај заедно со Мирослав, го испеаа познатиот македонски народен рефрен ,,Како што е таа чаша полна со вино”.

22.10.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа