ФОТО: Човекот кој го поставил дронот снимен на камера

Човекот којшто го поставил беспилотното летало поради кое беше прекинат натпреварот меѓу Србија и Албанија, е снимен на безбедносна камера поставена во интернатот на Воената гимназија во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, со понатамошна истрага ќе се потврди дали на снимката е Исмаил Моринај, човекот кој се сомничи за ова дело.

Полицијата има сознанија дека човекот непосредно по инцидентот бил цел на навивачи на Рад.

- Тие веднаш тргнале во потрага. Наводно, влегле во трага на тој што го пуштил леталото, но успеал да побегне, велат од српското МВР. На основа на доказите сè уште не е потврдено од каде тргнало леталото.

- Можно е да е пуштен од куполата на црквата, каде што е најдено јаже, а можно е да е лансиран од зграда покрај воениот интернат, кој има рамен покрив. Не е исклучено дека и двете места биле подготвени однапред – велат од полицијата.

Осомничениот Морина престојувал во хотелот Ферит.

22.10.2014 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега