Поплавите стигнаа до Германија - Меркел вети помош од 100 милиони евра

Водостојот на реката Елба достигна 8,76 метри во Дрезден, главниот град на германската сојузна држава Саксонија, но историскиот центар на градот, кој беше разурнат во големите поплави во 2002 година, не беше оштетен.

Жителите на спасувачките екипи работеле цела ноќ за да ја спречат поплава во Дрезден, а германската војска и тимот за справување со природните катастрофи испрати дополнителна помош за поставување вреќи со песок, чекајќи го налетот на водата, која однесе 16 животи од минатата недела во повеќе држави во централна Европа, кон север.

Германскиот канцелар Ангела Меркел го посети вчера градот Битергелд во Саксонија, кој е еден од најзагрозените во поплавите и каде според изјавите на жителите две езера се закануваат со „мини цунами“ поради што десетици илјади луѓе се евакуирани, вклучувајќи и 30 илјади во околниот град Хале. Таа во вторникот вети итна помош за загрозеното население во износ од 100 милиони евра, како и дополнителна помош.

Во Чешка, каде поради поплавите околу 20 илјади лица се евакуирани, спасувачите со чамци ги снабдуваат изолираните семејства со вода за пиење.

 

најчитано сега