Путин: Одлуката за развод е заедничка - веќе не се ни гледаме со Људмила
Претседателот на Русија Владимир Путин вчера изјави дека се разведува од својата сопруга Људмила Путин со која 30 години беше во брак.
За својата донесена одлука претседателот и неговата сопруга соопштија откако го гледаа балетот Есмералда.
- Одлуката за развод е заедничка. Ја донесовме заедно со Људмила. Веќе речиси и не се гледаме, секој води свој живот, изјавил претседателот на Русија за разводот.
Слична била изјавата и на Људмила која на Путин за време на бракот му подари две ќерки, а во јавноста се појавуваше многу ретко.
- Не сум за јавен живот. Не сакам публицитет и тешко се носам со тоа, изјавува Људмила.
Инаку, неодамна се појавија и шпекулации дека Путин има афера со помлада гимнастичарка, но оваа информација не е потврдена.