Неверојатно: Питачи а живее во стан од 300.000 фунти

 

37-годишниот Сајмон Рајт секојдневно седел пред банка во искината облека со своето куче, со натпис во рацете на кој пишува 'Молам за помош'.

Сепак, иако минувачите дневно му давале вкупно од 200 до 300 фунти, овој питач воопшто не е беспомошен бидејќи секој ден  после „работата“  одел во својот стан во Лондон, кој чини нверојатни 300.000 фунти.

Полициајта тврди дека често одел до локалната обложувалница, каде вложувал поголем дел од добиените пари, а често износот двојно му се зголемувал.

- Користел знак на кој пишува дека е бездомник, а всушност има стан. Тоа е измама. Така ги поминувал деновите веќе три години, а улицата Патни е добра локација за питачење затоа што таму се наоѓаат канцелариите на многу фирми и добри бутици, велат од полицијата.

Британецот намерно барал луѓе кои биле на банкомат и беше многу агресивн и незгоден кон оние кои не сакаа да му дадат пари.

 

најчитано сега