Сопругот на британската кралица итно пренесен на операција

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип денеска е пренесен во болница.

Лондонските медиуми повикувајќи се на информации кои ги добиле од Бакингемската палата пишуваат дека принцот Филип денеска ќе биде опериран.

Принцот Филип се очекува да остане во болница до две недели.

Повеќе детали не се дадени.