Полицијата демне - „летаат" казни за непослушните возачи

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на товарно моторно возило, еден сопатник и тројца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 21 пешак кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци, 13 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, седум возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и 22 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 60 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.  

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Утре вечер со почеток во 21 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и Кил, од Германија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземани соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

17.10.2014 - 09:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа