Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Бутел, Петровец, Центар и Сарај.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците на „Перо Наков, 510, 511 и 1471 во општина Гази Баба, а од 9:30 до 15:30 улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, општина Сарај.

Во периодот од 08:30 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Тале Христов“, „Костурска“, „773“, „784“ и „Боро Менков“ во општина Бутел, а до 16 селата Средно, Долно и Горно Коњари, Дивље, Сушица, Живиње и Чифлик во општина Петровец. Прекин од 8:30 до 10:30 часот ќе има на улиците „Христо Узунов“, „Рилски Конгрес“ и „Церска“ во општина Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре од 8:30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата „Рилски Конгрес“ бр. 59 поради отстранување дефект на огрлица со пречник од 150 милиметри. 

16.10.2014 - 16:04


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа