Дел од централното подрачје на Скопје без вода

Дел од централното градско подрачје денеска од 09:30 часот ќе остане без вода поради дефект на водоводна цевка меѓу улиците „Рајко Жинзифов“ и „Киро Крстевски Платник“.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на известување од Водовод и канализација, информира дека до отстранување на дефектот без вода ќе останат овие две улици како и дел од корисниците на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, меѓу улиците Аминта Трети и Костурски Херои. 

16.10.2014 - 09:45


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега