Натпревар на млади библиотекари во Кочани

Во Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани се одржа 16-от општинскиу натпревар „Млади библиотекари 2014“  на кој учествуваа 15 натпреварувачи- ученици од петте Основни училишта од Кочани.
 
Првото место и освоени максимален број поени 100, го освои ученичката Бојана Коцева од 8 одделение на Основното училиште „Кирил и Методиј“ од Кочани, која ќе ја претставува општината и кочанската библиотека на Републичкиот натпреварна млади библиотекари што ќе се одржи на 31 октомври во велешката библиотека.
 
Второто место и припадна на Јована Јангеловска ученичка од 9 одделение од ОУ„Раде Кратовче“, а третото на Нора Дамјанова од 9 одделение од ОУ„Кирил и Методиј“ од Кочани.
 
- Натпреварот го реализиравме според програмата на Библиотеката и беа прикажани одлични резултати, изјави Сузана  Ѓоргиева, директор на Библиотеката „Искра“ од Кочани.
 
На учесниците во натпреварот им беа доделени дипломи и книги, а на наградените комплет книги од најновите изданија на библиотеката.
14.10.2014 - 18:10


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа