Какво ќе биде времето утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Во претпладневните часови ќе им зголемена облачност и услови за слаб локален дожд во крајниот северозападен дел од земјава, а по котлините и по речните долини се уште ќе има појава на магла и ниска облачност, која се очекува да се намали во попладневните часови . 

Утринската температура ќе се движи од девет до 13, а дневната од 24 до 28 степени. 

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко, но и со појава на магла. Во попладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Во наредните денови ќе има зголемено наоблачување, повремено ќе има и сончеви периоди, но ќе има и услови за локален краткотраен дожд кој повеќе ќе биде застапен во западните подрачја на земјава, особено в сабота.

Во четврток ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок ќе дува засилен северен ветер кој ќе овозможи пад на дневната температура за седум до осум степени. 

14.10.2014 - 16:37


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа