Бензинските 24 часа ќе можат да служат храна

Министерството за економија најави измени во Законот за угостителство. Заменик министерот за економија Христијан Делев при денешната посета на градот Штип соопшти дека денеска до Собранитето на Република Македонија се доставени измените во Законот за угостителство, направени на барање на угостителите и сопствениците на бензинските пумпи, кои имаат објекти на магистралните патни правци.

- Тие до сега беа регулирани да работат 24 часа, само во делот на точење бензин и некои основни продукти кои што се продаваа на самите бензински. Сега се градат нови модерни бензински станици каде освен овие основни продукти се служи и храна и сопствениците бараат да се работи 24 часа, посебно во делот на угостителството, каде може да се сервираат и некои оброци, рече Делев.

Тој посочи дека Владата ја увиде потребата на сопствениците на бензинските станици и реши да им излезе во пресрет. 

14.10.2014 - 16:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа