Современа просторија и асистивна технологија за децата со посебни потреби

Учениците со посебни потреби во ООУ „Јан Амос Коменски“ добија опремена просторија за индивидуална работа.  Таа содржи уреди за потребите на учениците со нагледни, дидактички, манипулативни средства и помагала, како и современа асистивна технологија.

Донацијата е дел од наставната програма која се спроведува во училиштата преку проектот на УСАИД за е-пристапно образование, кој е во соработка со здружението „Отворете ги прозорците“.  

Во првата фаза од проектот, која започна во 2011 година,  учениците се стекнаа со базични знаења за примената на асистивната технологија, а наставничкиот кадар во работата со учениците кои имаат развојни проблеми и посебни образовни потреби. 

Во почетокот на 2012 година, во училиштето се уреди просторијата. Донацијата „екран на допир“ е поради перманентното користење на асистивните уреди како и учество со практични примери од училиштето во прирачник за примена во асистивната технологија. Овој екран им дава одлична можност на учениците, преку едукативен софтвер да се стекнат со знаења, со што особено е важно за визиомоторната координација и полесно следење на едукативните содржини од учениците. Особена корист од овој екран имаат учениците со аутизам, интелектуална и телесна попреченост. 

14.10.2014 - 16:06


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега