Им нема крај на поплавите низ Европа - река се излеа и во Романија

Во Романија по поројните дождови дојде до излевање на реката Прут при што се поплавени 600 хектари фарми.

Најтешко погодено е селото Матка во северозападниот дел на округот Галац.

Во романскиот дел на Дунав засега нема опасност од појава на поплави.