Епидемијата на жолтица продолжува - 33 лица заразени за една недела

Епидемијата на жолтица во Скопје продолжува. Скопскиот центар за јавно здравје регистрирал 33 нови случаи за изминатата недела. Со тоа вкупната бројка се искачи на 264. Меѓу новозаболените, според информации на zdravstvo24.mk има од сите возрасти. Заразени се и неколку мали деца кои не одат во градинка туку жолтица добиле од лични контакти. Има и основци и средношколци но по еден случај во училиште што според епидемиолозите е добро. Тоа значи дека жолтицата не се шири низ училиштата. Ја има во сите скопски општини а најмногу се регистрирани во Шуто Оризари.

Епидемилозите велат дека ова е тивка епидемија и нема зголемување на бројот во однос на изминатите недели. Ја следат состојбата на терен како и спроведувањето на мерките за превенција.

14.10.2014 - 10:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега