11 сообраќајки во Скопје - седум лица во болница

Во текот на вчерашниот ден во Скопје извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. од кои шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и тројца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 20 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив седум возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, осум возачи кои го управувале своето возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и 24 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

14.10.2014 - 09:40


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега