ВРЕМЕ: Будење на три степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Претпладне во некои котлини ќе има појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од три до 14, а дневната од 23 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, претпладне со појава на слаба магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се сушти до 10, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во наредните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време со претпладневна магла по одделни котлини. Кон крајот на работната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, а ќе дува и умерен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за пет до шест степени и ќе се движи од 19 до 22 степени. 

13.10.2014 - 23:57


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега