Екс-советник на Обама: „Имам најголема почит за народот во Македонија“

На 11 Октомври, поранешниот советник за национална одбрана на претседателот на САД, Барак Обама, и командант на НАТО силите за Европа, генералот Џејмс Џонс, упати писмо до министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски.

-Имам најголема почит за народот во Македонија. Јас секогаш ќе го паметам сето она што го имам поминато со нив во тешки времиња, истакнува генералот во писмото до министерот Јолевски.  

Генералот Џонс во својата кариера служел и во Европската команда на силите на САД, а во периодот од 1999 до 2003 година бил и командант на Маринскиот Корпус.

13.10.2014 - 16:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега